Оваа жена до сега има седум деца, меѓу кои двајца близнаци, а последното дете го родила пред пет години.
Докторите во Ирак останале без зборови кога со ултразвук виделе дека трудница во раните 40-ти носи дури 13 фетуси.
Жената до сега има родено седум деца, меѓу кои двајца близнаци, а последното дете го родила пред пет години.
Оваа ризична бременост веќе остава последици.
„Првите тестови покажаа дека четири деца се мртви, а останатите се во добра состојба“, рекол доктор Микдам Ал Џабури од болницата во Ирак, Такрет. Тој додал дека здравствената состојба на мајката е добра.
„Ова е еден од најретките случаи на бременост во историјата. Но, очекуваме дека уште бебиња ќе починат како што ќе напредува бременоста и дека децата што ќе се родат ќе бидат многу малечки“, додал доктор Ал Џабури.