Пат околу светот на сончева енергија

Turanor PlanetSolar, 30 метарски катамаран со футуристички дизајн, во петокот стана првиот брод кој го обиколил светот користејќи само соларна енергија.

Патувањето кое започнало и завршило во Монако, траело повеќе од 19 месеци и во него биле опфатени посети на 28 земји чија цел била промоција на важноста на сончевата енергија.

Патувајќи по екваторијална маршрута за максимално да ја искористи сончевата енергија Turanor PlanetSolar поминал речиси 60.000 километри и поставил неколку светски рекорди. Петчлениот екипаж уживал во посетите на Мајами, Канкун, Галапагос островите, Француска Полинезија, Бризбејн, Хонг Конг, Сингапур, Бомбај, Абу Даби и Доха.


По пристигнувањето во Монако водачот на експедицијата Рафаел Домџан изјавил: „Екстремно сме среќни што ја постигнавме првата светска турнеја со сончева енергија.“ Имо Строер, германски пионер во полето на соларна енергија и главниот инвестор во овој проект го опишал катамаранот како амбасадор за соларна енергија и додал: „Пристигнувањето во Монаго е само почеток. Сега треба да ја искористиме славата на PlanetSolar со цел да го промовираме користењето на сончевата енергија.“

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали


Дел од рекордите кои биле поставени на ова патување: Најдолго патување со брод на сончев погон (50.688 километри ); прво обиколување на светот со сончев погон; најбрзо поминување на Јужното Кинеско Море со брод на сончев погон; најбрзо поминување на Атлантскиот Океан со сончев погон; и најголем брод со сончев погон. [Solar-powered catamaran completes record-setting circumnavigation]

- Реклама -