Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа Јованка Броз. Таа и понатаму е во животна опасност, приклучена на апарати, соопштија лекари од Ургентниот центар во Белград.
Поранешната прва дама на Југославија е примена во Ургентниот центар на 23-ти август оваа година во многу лоша состојба.
По медицинската интервенција здравјето на Јованка било подобрено, се до вчера кога нагло и се влошила состојбата.
Сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, вчера побарала да и биде исполнета последната желба и да биде погребана покрај Тито.
Оваа молба, до оние кои решаваат за тоа таа побарала да им ја пренесе нејзиниот биограф, писателот Жарко Јокановиќ, кој секојдневно, заедно со нејзините сестри, Нада и Зора ја посетува.
Се очекува за ова прашање да разговараат и членовите на Кабинетот на Ивица Дачиќ.
Инаку, во меѓувреме лекарите забранија какви било посети во болницата каде таа се лекува, со оглед дека нејзината здравствена состојба е многу влошена.