Шарматни детски размислувања за озбилни работи

Детската искреност и спонтаност се чудо. Говорат кратко и јасно и немаат проблем со тоа да кажат во лице се што мислат. Нивните изјави се драгоцен материјали. Прочитајте дел од детските бисери, кои едноставно воодушевуваат… 

Кога баба ја болат забите, таа едноставно ги става во чаша.

Повеќе ја сакам сестрата на мама, отколку мојата. Таа ми е тетка, а мојата не ми е ништо.

Мојата мајка има бебе во стомакот, но не знам како го проголтала.

Не смееме да им се дереме на мајките, тие се корисни.

Parents Reading to Laughing Boy

Кога двајца заљубени ќе се бацат, тие се рушат и не стануваат еден час, можеби и повеќе.

Полуоток е оток кој уште не е докрај направен.

Мама ќе оди да го намести грбот на железничка станица, кај некој железничар.

Баба е дебела, затоа што е полна со љубов.

Studio Shot Of Grandmother Cuddling Granddaughter

Јас би сакала да имам уште еден брат, ама мама користи тампони.

На гостите: Подобро одете си веќе, мама прееска рече, ќе се убијам ако заглават до доцна.

Колку што е човекот постар, неговите заби се поскапи.

Девојчињата не можат стоејќи да мочкаат, затоа што немаат за што да се држат.

Еднаш бев толку болна, што имав 40 кила температура.

Јас веќе немам баба, неа ја засадија на гробишта.

Kindergarten Students Learning to Tell Time

Мораат ли мајките да јадат трева, за од градите да им тече млеко?

На марс има живот. Но, тоа е само хипотенуза.

Израелците направиле златно теле, бидејќи немале доволно пари за златна крава.

Швајцарските крави се користат за правење чоколадо.

Кога се роди мојот помал брат, мораа да го стават во акумулатор.

Ferriero-CH

Пеперутката е инсект од фамилијата хеликоптери.

Зоолошката градина е добра работа. Таму можеме да видиме и животни кои не постојат.

Животното осигурување се пари, кои ги добива оној кој преживеал смртен случај.

Не знам колку години имам, секоја година се менуваат.

Многу се исплашив кога се разболе мама. Помислив дека сега ќе мора тато да готви.

Аквариумот е мали стаклено море каде што живеат домашни риби.

Алиментација е плата за деца, кога татко им ќе се отсели.

Кравите не смеат брзо да трчаат, за да не породат млеко.

Young_child_feeding_cow_by_cshky

Кај нас мажите можат да се оженат само со една жена, тоа се вика монотонија.

Не разбирам зошто мама толку се лути што ја разбивме вазната. И онака беше стара и кинеска, а не наша!

Баба замина на тој свет. Сега и ние имаме некој во странство!

* Доколку знаете некој интересен детски бисер, би ни било драго, ако го споделите во коментар.

 

 

 

- Реклама -