Заплакал кога за прв пат го слушнал гласот на мајка му

Хенри Ривер, седумгодишно момче од Гватемала кој бил роден глув, заплакал од среќа кога за прв пат го слушнал гласот на мајка му, по операцијата која му овозможила да слуша.

Операцијата била направена во САД, во Форт Вејн во Индијана, во непрофитната организација „“Ray of Hope Medical Missions”. Момчето во САД пристигнало во Август, на повик на Ерин ван Ордит од Мичиген, која волонтирала во Гватемала и го запознала Хенри пред три години.

„На почетокот беше некако посебен. Му се обратив, но не ме слушна. Тогап решив дека мора тоа да се направи, па да се започне цел процес“, вели Ерин ван Ордт.

[youtube]http://youtu.be/Qq1f46mhNEU[/youtube]

 

- Реклама -