Церемонијата на доделување на наградите “Еми” предизвика 17 илјади твита на минута

Доделувањето на наградите „Еми” стана еден од најозборуваните настанот во социјалните мрежи. Овогодишната церемонија само за една минуте успеа да предизвика да бидат споделени 17 илјади твита.

 

Според официјалната информација од социјалната мрежа ова е рекорд за ваков настан. Од Twitter открија уште дека 58% од твитовите се дојдени од територијата на САД, додека останатите 42% се од други краишта на светот.

Најмногу пораки за една минута собра “Yesterday” на Кери Андервуд со своите 17 090 твитови за минута. Претставата на Елтон Џон во финалето на церемонијата остана на второто место со своите 13 720 пораки на минута.

Неколку моменти, исто така предизвикаа сериозна активност во социјалната мрежа. Наградата за најдобра драмска серија отиде кај популарното шоу “Breaking Bad”, а 62 150 луѓе побрзаа да го напишат своето мислење за тоа на Twitter. Наградата на актерот од “The Big Bang Theory” Џим Парсонс исто така предизвика уште 54 596 корисници да напишат по нешто на својот профил.

Меѓу споменуваните емисии во социјалната мрежа за време на наградите “Еми” беа “Breaking Bad”, “Homeland”, “Glee” и “30 Rock”.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -