Милионер обвинува: „Полицијата ги дискриминира возачите на црвено Ферари“

Обично, милионерите не се првите што ќе ни паднат на ум кога се работи за жртви на дискриминација, но Марк Острофски од Аспен, Колорадо, тврди дека баш тој е таков. Гордиот сопственик на црвено Ферари ги обвинува локалните полицајци дека ги дискриминираат возачите на овој тип автомобили и дека ги запираат, во просек, повеќе од останатите возачи.

Тој тврди дека во Август го застанале поради возење со 78 км/ч во зона со дозволени 40 км/ч, но кога полицаецот го казнил, на тикетот навел 54 км/ч. Острофски негира дека воопшто возел над дозволеното и побарал од општинскиот судија полицаецот да биде ставен на детектор за лаги, а за таа цел тој самиот ќе одвои 10.000 долари од свој џеб.

Судијата не бил расположен за игра, па Марк се откажал од намерата да го тужи сообраќаецот, со изговор дека е премногу зафатен.

ku-bigpic

Како и да е, тој продолжува со обвинувањата за дискриминација и се заканува дека ќе ги мобилизира и останатите сопственици на Ферари во Аспен (околу 6-мина) да се исправат во борба со ваквата „тиранија“ на полицијата.

„Никогаш не возам над дозволеното со тој автомобил. Особено не возиш брзо кога имаш таков автомобил. Напротив, многу си свесен за овој град и дозволените брзини.“ – вели Острофски.

Тој дури и се консултирал со својот адвокат, кој го советувал да се договори со останатите сопственици на Ферари за да дојдат на суд и да го искажат незадоволството. Марк се правда дека тоа било премногу тешко да се договори, но не објаснува дали и останатите 6 милионери го делат неговото мислење во однос на дискриминацијата.

IMG_2293

Сепак, тој не заборава да напомене дека сеуште се чувствува како мета. „Онлајн полициската статистика покажува дека црвен спортски автомобил е автомобилот по кој полицијата најчесто се впушта во потера. „Така, кога возиш црвен спортски автомобил во Аспен, возиш прилично бавно.“, вели мулти-милионерот.

Од друга страна, шефот на полицијата во Аспен, Ричард Прајор (супер име, нели?), објаснува дека полицискиот оддел не таргетира никого посебно и дека само 12 проценти од возачите завршуваат казнети. Што се однесува до брзината, Прајор повторува дека сообраќајците често наведуваат помала брзина од реалната, се со цел да ја направат казната полесна за прекршителите.

- Реклама -