Еден од наједоставните и најздрави начини на ослободување од вишокот килограми, е одложување на ситните оброци кои би ги изеле од лакомост или досада, предупредуваат експертите.
Како што пишува „Women’s health“, истражувањата покажале дека жените и мажите кои на своите солени и слатки желби одлучиле да им одолеат и да ги одложат за подоцна, значително ослабеле бидејќи откако огладнеле навистина, заборавале на нив и ги заменувале со вистински оброк на кој навистина му дошло времето.
За оваа едноставна диета е потребна само малку волја, но таа може да ја спаси вашата линија од безбројните чоколатца, соленки, газирани напитоци и слични закуски кои се одговорни за создавањето на салото и целулитот.
Затоа, следниот пат кога ќе добиете желба за некоја нездрава ситница, употребете го методот на оваа диета и кажете си на себе: „малку подоцна“. Доколку сте истрајни, ќе се изненадите од нејзината ефикасност.