Телото на жените кои станале мајки е нешто што современата интерпретација на убавината, често го жигосува како нешто од кое што треба да се срамиме. Ова е темата на фотографката Ешли Велс Џексон, која во својот проект ангажирала новопечени мајки кои се разголиле пред нејзиниот објектив. Со нивното учевство тие сакаат да докажат дека промените на телото кои ги носи мајчинството не е сигнал дека жената мора што побрзо да се врати во раната форма. Напротив, тоа е симбол за најубавите нешта на светот, создавањето на нов живот, па како таков треба и да се овековечи.