Доење сигурно не е нешто што очекувате да го видите на страниците на „Vogue“, но холандското издание на модната Библија реши да ги прошири границите.
Во изданието за октомври, холандскиот „Vogue“ претставува фотографија на Ервин Олаф на која моделот Емре Стикем позира топлес додека дои дете.
Останатите фотографии од серијата наречена „The Master & the Girl“, изработени во стилот на славниот сликар од Холандија Вермер, ја прикажува Емре во традиционална облека.
Дали фотографијата ќе предизвика скандал како онаа во магазинот „Time“ на која беше претставена жена како дои тригодишно дете останува да видиме.