Насловната страница на последниот број од магазинот „Тајм“ предизвика бурни реакции низ целиот свет. На неа има фотографија од 26 годишната Џејми Лин Грамет, како го дои својот речиси четиригодишен син.
Џејми Лин е консултант за лактација, блогер и ревносен поборник на доењето. Во првиот миг по излегувањето на „Тајм“, таа на Твитер објави дека е на насловната страница со нејзиниот син. Контроверзната фотографија, што предизвика бурни реакции, всушност се однесува на натпис за родителство и врската помеѓу мајките и децата, па се чини дека намерата на уредниците била да се зголеми публицитетот.
Фотографијата веднаш ги подели луѓето. Некои од нив оставаат коментари со поддршка, велејќи дека се работи за сосема нормална појава, додека други се ужаснати од фактот што мајката дои дете што во јуни ќе наполни четири години, кое стои на столче и ја користи неа како чешма.
Што мислите вие?