Гостилница „Ла Тана“ најавува спектакуларна прослава на првиот роденден

Спектакуларна прослава по повод една година успешна работа најавува менаџментот на гостилница Ла Тана, место кое за многу краток период ги освои срцата на љубителите на вкусната македонска храна и изворната македонска песна.

Оваа среда (18.09) верните гости на гостилницата заедно со менаџментот ќе го прослават првиот роденден со специјално подготвена програма за сите присутни.

Гостилница Ла Тана во јавноста е позната како место во кое храната е со врвен квалитет, брза и исклучително професионална услуга и место во кое секојдневно посетителите уживаат во звуците на прекрасните македонски мелодии.

На големата роденденска прослава посебен акцент ќе биде ставен на хуманитарната акција која ја воведува Ла Тана по повод една година постоење. Секој гостин ќе има можност да донира средства за Училиштето за деца со оштетен вид “Димитар Влахов’ од општина Кисела Вода.

Прославата ќе биде збогатена со музички настап на Наум Петрески, Зуица Лазова, Анастасија Петреска во придружба на бендот од емисијата Зајди Зајди.

Во текот на изминатите 365 дена Ла Тана угости голем број на гости кои уживаа во богатата понуда на гостилницата.

- Реклама -