Новиот мобилен процесор на Intel кој сеуште е во развоjна фаза ќе троши малку енергија со што значително ќе се заштеди батеријата. Но, еден програмер оди чекор понапред во обид да докаже колку овој чип е лесен за напојување и тоа со една чаша црвено вино.
Настанот се случил на Форум за програмери на Intel каде се правеле тестови со новиот високо ефикасен енергетски процесор. Еден од програмерите го поврзал чипот со две жички во чаша вино кои ја црпат киселоста и на тој начин се добива енергија.
Намената на овој чип е да ги следи движењата на корисникот, да препознава гласовни комадни, како и постојано да врши различни пресметки од работата на уредот, за што стандардниот процесор троши многу енергија. Сличен процесор промовираa Motorola во нивниот смартфон Moto X, како и Apple неодaмна со новиот помошен М7 процесор на iPhone 5S.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk