Изгледајте свежо и после непреспиената ноќ

Верувале или не, но и после непреспиената ноќ можете да изгледате свежо и одморено. Иако вечерта „заглавивте“ до доцна забавувајќи се, сепак, овој „post-party beauty“ план ќе ве претвори од изморена девојка во вистинска убавица.

Кожа

Со хидратантен коректор прекријте ги темните кругови околу очите, кои се главен показател на уморот.

Eyes-Fresh-Face-Makeup

Усни

Доколку претходната ноќ се сладевте со врели бакнежи, тогаш веројатно вашите усни ќе бидат природно црвени, и најверојатно испукани. Прескокнете го карминот и намачкајте ги со хранлив балзам за усни.

Очи

Пред се убаво отстранете ја шминката од претходната ноќ. Во внатрешните агли нанесете малку бела сенка, која во истиот момент ќе му даде свежина на вашиот поглед, а потоа нанесете на трепките и два слоја маскара.

2-frizura-pundja-vo-forma-na-mashna-www.kafepauza.mk_

Коса

Лажирајте свежо миена коса така што на прамените ќе напрскате миризлив спреј, или малку од вашиот омилен парфем, а во самиот корен шампон за суво перење, или малку бебешка пудра (која секако морате убаво да ја распостраните за да не остави траги). Добро расчешлајте ја и соберете ја во пунџа.

 

- Реклама -