Како „расте“ детскиот памет?

Некои наизглед безначајни нешта имаат значајно влијание врз развојот на детската интелигенција.
Научниците тврадт дека детстката интелигенција, во голем дел е наследна и се развива во интеракција со родителите и околината, но и поради некои (не)значајни нешта.

Сигурно кај вашите или кај други деца сте забележале дека често се вртат во круг, седејќи на кауч удираат постојано со нозете на масата, или обожаваат да рипаат без престан на пример во вир кога врне. Родителите воглавно не дозволуваат такво однесување, во страв детето да не се повреди.

Меѓутоа, експертите тврдат дека треба да ги пуштите децата да се вртат во круг или да ги повторуваат истите покрети извесно време (нормално водејќи притоа сметка да не се повредат), бидејќи на тој начин телото, односно мозокот, воспоставува подобра врска меѓу неутроните, што ја развива интелигенцијата и ја бистри перцепцијата.

 

- Реклама -