Однадвор крцкав – одвнатре сочен: Бурек со фета и спанаќ

Однадвор крцкав, а одвнатре сочен – бурекот е омилено јадење на многумина. Подгответе го за кратко време и имајте цела пита бурек за вечера.

Состојки: 500г кори за пита, 400г спанаќ, 500г фета, 4 јајца, 2дл јогурт, 1 чаша кисела павлака, 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка сув или свеж босилок, сол, зејтин

a

Подготовка: Во поголем сад сматете ги јајцата, па додајте го фета сирењето издробено на ситни парчиња, павлаката и исчистениот ситно исецкан свеж спанаќ. Измешајте добро, зачинете со лукот, босилокот и посолете. Во округла тепсија намачкана со зејтин редете по четири кори и секоја малку намачкајте ја со јогурт. На четвртата кора нанесете фил, па повторете ја постапката. Печете го бурекот 30-40 минути на 200 степени, а пред крајот на печењето преку крцкавата кора посипете малку сув босилок.

Добар апетит!

- Реклама -