Места во домот кои се повалкани и од ВЦ школката

Колку и да ви звучи неверојатно, тоалетот не е највалканото место во домот. Само кујната е илјада пати повалкана од даската на ВЦ школката. Подобро е да сечете домати на неа отколку на кујнската даска за сечење.

Еве кои места во вашиот дом се повалкани отколку што сте мислеле до сега:

Мијалникот – на површина од шест квадратни сантиметри има половина милион бактерии

sink-water-drain

Сунѓерот – дупчињата во сунѓерот со кој ги миете садовите е многу тешко да се дезинфицираат па со него ги „преместувате“ бактериите од едно место на друго. За да го решите овој проблем ставете го сунѓерот 60 секунди во микробранова печка на умерена топлина.

Прекинувачите – колку често ги чистите прекинувачите за светло? Никогаш? Така и мислевме.

image_1353401534_69

Рачките и кваките – рацете се еден од највалканите делови на човечкото тело. Со допирање на рачките на фрижидерот, рерната, фиоките, плакарите… и кваките на вратите бактериите се пренесуваат од еден на друг.

Тастатурата – редовното чистење на вашата тастатура ќе ги намали шансите да се заразите од разни бактерии. Еве како да ја исчистите за 30 секунди.

Keyboard_Micro_G_4e78f46600519

Далечинскиот управувач – бактериите и вирусите многу лесно се пренесуваат преку далечинскиот управувач. Хотелите се особено опасни кога станува збор за овој проблем.

- Реклама -