Ви останале уште неколку нивоа? Премногу често ве убиваат? Уморни сте од спамови? Имаме решение за вас. Користете некоја од овие 10 лаги со кои гејмерите се служат кога губат. Обидете се да се оправдате дека причината за загубата не е во недостатокот на вештини и натерајте ги пријателте и да се чувствуваат лошо, ако успеале да бидат подобри од вас.
1. Оваа игра е здодевена
Губите? Обвинете ја целата игра. Се разбира, оваа лага ќе се сврти против вас, бидејќи штом играта е здодевна, зошто воопшто упорно ја играте? На крајот на краиштата секогаш можете да се извадите дека сте сакале да и дадете шанса, ама ете, ви здодеала.
2. Мамиш!
Вашиот противник е читер. Ако е така со право удрете на хејтање, ако не е, злобно е да ги убедувате останатите, па и него самиот дека е?!
3. Не се брои, само уште еднаш
Кога гејмерите играат многу последователни игри, тие често ги делат натпреварите на оние кои се бројат и кои не се бројат. Обично ако нешто го одвлекло вниманието или сте загубиле на очигледно место, играта не се брои. Ве почешал носот ? Не се брои. Влегла вашата девојка во собата и ве погалила ? Играта не се брои. На крајот идејата за победа во играта го губи своето значење.
4. Не можам со луѓе што играат погрешно!
Ајде да разјасниме нешто. Нема такво нешто како играње погрешно. Ако вашиот противник ве убива, тоа е дел од играта. Зборуваме во случај кога правилата го дозволуваат тоа, значи е нормално. Не е случајно дека најголемите гем турнири многу ретко си дозволуваат да забрануваат оружје или стратегија, освен кога навистина не се губи смислата на турнирот.
5. Тоа не ми е најдобриот лик / автомобил / облека
Тоа може да биде единствената лага во нашата листа, која важи. Да, понекогаш играчите не играат со најдобрите можности за да се забавуваат или пак усовршат. Се разбира, ако се жалите дека губите, значи е доста дискутабилно колку точно се забавувате. Никој не ви запира да покажете се што можете. Или направете го, или не се оправдувајте.
6. Не внимавав
Точно, можеби не сте внимавале, но тоа не значи дека загубата не се брои.
7. Џојстикот не ми работи
Идеална лага за луѓето кои се лутат лесно. Ако игра со тој џојстик, сепак, победата нема да се смета, бидејќи вашиот џојстик работи, а неговиот не. Ако вие играте со „расипаниот“ и победите, верувајте дека тоа е така затоа што не внимавал, или ве потценил, секако…поради џојстикот.