За време на викендите, во „Музејот на правдата и полицијата“ во Сиднеј, Австралија, посетителите можат да видат над 2500 фотографии направени од полицискиот оддел на Нов Јужен Велс, со цел да водат евиденција на криминалци и затвореници во периодот од 1910-1930. Оваа колекција наречена „Град на сенки“ ги раскажува приказните на проститутките, крадците, убијците и мафијашите на Сиднеј, од почетокот на 20-тиот век. Питер Дојл, куратор во музејот, ја опипува изложбата како „интимен, суров и прогонувачки убав спомен за мистериозните луѓе и темните места што некогаш биле дел од Сиднеј”. Со рачно напишани имиња и датуми на фотографиите, форензичката колекција претставува фасцинанта реликвија на изминатата ера.