Седум најголеми лаги на родителите

Погледнете кои се најголемите лаги кои родителите ги користат најчесто, во најголем дел за да  се утешат и оправдаат себе.

Ќе биде подобро

Честопати и нема, ќе биде поинаку. Без оглед на тоа  дали лудите ноќи ги заменивте со дете кое има често промени во расположението, родителството е предизвик од почетокот до крајот. Но, навикнете се како да се прилагодите.

 Се променив кога го земав во рацете

parents with child

Родителството не е магија. По породувањето, повеќе се чувствувате исцрпено и збунето, отколку што сте шармирани и мајчински расположени. Тоа е нормално, а инстиктот доаѓа со времето.

Обично не е вака неуредно

Ова се повторува околку родендените, празниците…Животот е исполнет со моменти кои брзо се случуваат. Прифатете ги и престанете да се извинувате што живеете.

Темпераментен е!

parentingautism

Зошто секој родител се изненадува секој пат кога неговото дете ќе направи сцена во јавност? Тоа не е ништо ново, но родителите најверојатно помалку го приметуваат ова однесување кога нема „публика“ во близина. Престанете со изговорите како „Најчето не е ваков, темпераментен е, или што му стана“, туку превземете мерки.

Живееме во најубавата населба

Родителите секогаш го прикажуваат во најдобро светло својот начин на живот, финансии и училиштето во кое школкува нивното дете.

Нема да зажалите ако се одлучите за повеќе деца

Children Sitting Together

Сите родители кои имаат повеќе деца ги истакнуваат позитивните страни на големото семејство и нивната меѓусебна поврзаност. Вистината е дека безразлика дали имате едно или 20 деца, секогаш во животот има моменти кога ќе помислите „Што ми требаше ова“?!

Уживам во секоја минута

Се сомневаме дека човекот може да ужива во секоја минута, на пример во 3 часот наутро кога повраќа бебето. Но, тоа е животот. Не е секој момент како од бајка, но треба максимално да уживате во оние кои се.

praise-children_2574793b

- Реклама -