Да се биде оптимист, или не?

Карактерите на луѓето зависат од многу фактори, па така тие се оформуваат и разликуваат по својот став кон случувањата, во облик на песимисти, оптимисти или нешто помеѓу.  Исто толку стар е и спорот за тоа кој вид на гледиште  води до повеќе среќа и успех . Очигледно, науката конечно има одреден одговор на ова прашање .

Факт е дека оптимизмот е убаво нешто . Голем број научни студии во текот на годините се покажувале , без исклучок , дека оптимистите генерално се посреќни и живеат подолго од луѓето кои имаат , да речеме , не толку ведри погледи.

o1

Овој пат истражувањата покажуваат и дека премногу оптимизам и позитивно размислување по секоја цена, имаат своја цена. Тие водат  до нереални очекувања и до недостаток на точна проценка за тоа какви напори бара одреден потфат и какви реални опасности треба да бидат предвидени и избегнати.

02

Според психологот Чоу од Националниот универзитет на Тајван најуспешни и среќни во животот се луѓето кои ги  комбинираат оптимизмот и реализмот – т.н. реални оптимисти . Научникот ги претстави своите откритија за време на неодамна спроведената средба на Американската психолошка асоцијација ( American Psychological Association ) во Хаваи . Заклучоците се резултат на низа истражувања на 200 тајвански студенти. Според Чоу реалистичните песимисти го комбинираат најдоброто од двата света , бидејќи  ги поседуваат позитивниот став на оптимистите и трезвеното оценување за реалноста на песимистите .

03

Оваа комбинација од позитивизам и реализам води до подобри резултати на универзитетот , до повеќе успеси во работата и го задоволува личниот живот. Една од главните причини за овој позитивен ефект е дека овој тип на луѓе не си прават „позитивни илузии ” , не се потпираат на среќа и имаат подобра самоконтрола .

04

Меѓу сите придобивки од тоа да бидеш реален оптимист сепак има и еден недостаток . Луѓето со овој избалансиран став се повеќе склони да се загрижени , во споредба со оптимистите кои имаат нереални очекувања . Причината за ова е дека тие претходно ги препознаваат тешкотиите и можностите за неуспех , наместо да се смируваат со позитивни илузии , објаснува Чоу.

- Реклама -