Ние живееме со нашите компјутери, јадеме, се заљубуваме и плачеме пред компјутерскиот екран. Се разбира копчињата од тастатурата се полни со нечистотии и прав. Но, не мора да живеете во постојана состојба на валкано. Особено заради тоа што превенцијата е релативно брза и лесна. Справувањето со видливо валкано, масно и нови форми на бактерии кои живеат на тастаурата од Вашиот лаптоп бара малку повеќе финеси од просечната тастатура. Ви нудиме безбеден и ефективен метод за да ја исчистите нечистотијата.
Купете некоја меламин пена. Таа се продава под името магична гума или лесна облога за бришење. Тоа е евтино. Потопете сунѓер во вода и исушете го. Нежно поминете по тастатурата за 30 секунди.
Меламин пената ќе ја најдете во аптеките во делот за чистење, најчесто етикетирана како Mr.Clean Magic Eraser. Но скоро сите меламин пени се исти. Тоа е полимер патентиран и произведен од BASF под името Basotec. Па така брендовите во синџирот продавници се идентични со името на брендот на производот.
Едно нешто што треба да го знаете за меламин пената е што е абразивно средство. Се чисти со шмиргла. Па затоа внимавајте не тријте премногу силно. Или можеби најдобар совет е кога јадете да направите пауза од работата пред вашиот лаптоп.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk