Се очекува овој уред да биде пуштен во продажба на 12-ти октомври, а ќе може да ги поддржи сите игри како и моделот 3DS, но само во 2D резолуција.
Овој модел исто така ќе има слични спецификации како и 3DS, што вклучува екран осетлив на допир и двоен дисплеј.
Експертите проценуваат дека со објавувањето на овој модел, Нинтендо се обидува да ги задржи малите клиенти кои би можеле да преминат на новите Plаy Ѕtation или Xbox.
Цената на овој модел ќе биде под 200 долари, а ќе биде достапно и симнување на игри од онлајн шопот на Нинтендо во кој се наоѓаат преку 2000 игри.
[youtube]http://youtu.be/sAExBTWIp3M[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk