Нови детали за таблетот на Nokia

Nokia Sirius е најверојатно името на првиот таблет на финската компанија кој ќе се испроба со големите момци поради неговиот екран од 10.1 инч кој го сместува во најголемата класа на таблети.

nokia_sirius_tablet

Овој прв обид на Nokia за влез на пазарот на таблети подолго време се споменува во јавноста но, досега немаше конкретни информации за неговиот хардвер. Освен големината на екранот познато е дека тој ќе работи на платформата Windows RT, откако Nokia добила уверување од Microsoft за поголема подршка. Сепак корисниците не се премногу воодушевени со оваа одлука поради ограниченоста на Windows RT системот.

nokia snapdragon

Затоа Nokia Sirius ќе надомести со одличен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор кој е убедливо најбрз на пазарот, како и 2 GB RAM, 32 GB вградена меморија, 4G LTE мрежа, 6 мегапикселна камера и батерија која издржува 10 часовна работа. Како можен датум на промоција се споменува 26 септември.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -