Можеби не знаете, но е навистина изненадувачки фактот дека паметните телефони владеат со пазарот на новите технологии веке 6 години. За тој краток период од време тие успеаа да станат неразделен дел од секојдневниот живо на луѓето.
Во денешно време паметниот телефон не е луксуз, туку потреба. Но иако бројот на корисници на паметни телефони расте, не може да се гарантира дека сите луѓе се специјалисти за тие уреди.
Токму затоа Ви претставуваме неколку трикови кои секој сопственик на паметен телефон треба да ги знае.
Фотографија на екранот
Секој од нас треба да знае како се прави фотографија на екранот. Тоа може да ни помогне во многу различни ситуации. Ако имате iPhone тоа можете да го направите кога ќе го притиснете копчето Home заедно со копчето Sleep/Wake. Фотографијата ќе Ви се појави во Camera Roll или во секцијата Saved Photos. Ако пак имате уред со Android, задржете ги притиснати во исто време копчето за вклучување и исклучување на телефонот. Фотографијата ќе Ви се зачува во „Captured Images“ во Галеријата. Овој трик работи само кај верзијата Android 4.0 и сите понови верзии. Додека пак ако имате постара верзија на овој оперативен систем, пробајте тоа да го направите со апликацијата AirDroid.
Спасете го вашиот намокрен телефон
Паметните телефони се постојано со Вас, така што постојано се изложени на различни опасности, посебно ако не се заштитени со футроли. Ако немате водоотпорна футрола и телефон ви падне во вода прво нешто што треба да направите е да го исклучите телефонот. После исушете го со крпа од микрофибер, извадете ја батеријата и ставете го Вашиот телефон во чинија со ориз да стои цела вечер.
Пронајдете го нашиот изгубен или украден телефон
Многу често се случува еден телефон да биде изгубен или украден. За среќа за iPhone и iPad Apple има апликацијата наречена Find My iPhone. Таа Ви дозволува да го најдете Вашиот телефон преку вградениот GPS. За сопствениците на Android уреди има апликации како на пример: Where’s My Droid, Lookout Mobile Security и Carbonite Mobile.
Зачувајте ја вашата локација во тајност
Со помош на телефоните можете да фотографираме различни места, предмети и луѓе, а исто така истите да ги споделуваме и на социјалните мрежи. Но ако не сте внимателни заедно со фотографијата Вие можете да ја споделите и Вашата локација. Паметните телефони можат да вградат GPS информација во самите фотографии така што секој ќе може да ги види. Ако не сакате тоа да ви се случи за iPhone отидете на Settings>>Privacy Location Services, за Android пак отидете на Settings>>Location Services. За Windows Phone – Settings>>Location to turn off Location Services. Освен оваа опција Вие можете да ја превземете и апликацијата PixelGarde која ќе ја отстрани GPS информацијата од вашите фотографии.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk