Како до совршена фотографија на одмор?

Кога одиме на одмор секогаш сакаме да се пофалиме со совршени фотографии пред пријателите. За секогаш да го добиете она што го сакате, ви пренесуваме неколку едноставни совети.

Одберете добар апарат

Секако, со вас на одморот доаѓа и смартфонот, кој има моќна вградена камера и со кој можете да ги уловите сите поважни моменти. Но, смартфоните сѐ уште имаат една огромна пречка кога станува збор за фотографирање – големината на леќата. Покрај тоа што се ограничени во овој аспект, исто така, не се покажуваат најдобро кога станува збор за екстремни ситуации со необично осветлување и фотографии во движење.

woman-taking-pictures

 

Доколку целта ви е да ги документирате сите убавини на дестинацијата каде што патувате, тогаш треба да одберете добар фотоапарат, по можност DSLR, со одлична батерија (барем 500 фотографии). Но, ако купувате скап апарат, треба да инвестирате и во опрема за заштита, а и постојано да внимавате на него. Затоа, добро размислете пред да донесете одлука.

Научете да фокусирате

Воопшто не е страшно ако субјектот во фотографијата не е во центарот на фокусот. Напротив, тоа ги прави фотографиите многу подинамични и поинтересни. За да го извлечете максимумот од една фотографија, замислете дека кадарот е поделен на девет квадрати (правило на три третини) и внимавајте сите квадрати да бидат правилно балансирани во однос на содржината. Обидете се да ги следите природните линии на пејзажот (брег, мост, срт итн.) и никогаш не опфаќајте премногу празен простор, бидејќи на тој начин се одвлекува вниманието на оној што ги гледа фотографиите, правејќи ги празни и неинтересни.

Take-Photos-With-iPhone-Camera

Не се плашете од макро фотографии

Обично сите се плашиме од макро фотографии, да ги направиме, но и да бидеме во нив. Но, вистината е дека макро фотографиите раскажуваат посебна приказна, во која има многу детали. Не плашете се да фотографирате одблизу, без разлика дали станува збор за вашето семејство, интересни детали од неживата природа или пак животни на кои ќе налетате. Со малку вежбање, сите ги засакуваат макро фотографиите.

ocean nature beach photography macro seashells 1920x1440 wallpaper_www.wall321.com_69

Уживајте во фотографирањето

Најважниот совет е да уживате во фотографирањето, наместо тоа да ви претставува обврска. Не грижете се ако не извадите совршена сесија на првиот одмор, затоа што секогаш имате поправен испит следната година.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -