Вулкан исфрли пепел 5.000 метри во воздух (Видео)

Се издигна чад од еден од најактивните вулкани во Јапонија – Сакураџима. Вулканот исфрли пепел на феноменалната височина од 5000 метри.

Ова е највисокото исфрлање од вулканот, заклучно со  1955 година, па  наваму. „Дождот од  пепел” доведе до таков мрак во околниот град Кагошима на  јужниот остров Кјушу што возачите мораа да ги  вклучат светла во сред бел ден.  Вулканската пепел го  наруши и движењето на возовите во градот.

Вулканолозите веруваат дека оваа година вулканот може да исфрли повеќе пепел отколку во последните две децении. Од Универзитетот во Кјото соопштија дека го следат постојано вулканот, со цел да  се избегне повторување на ситуацијата од 1914 година кога џинот еруптира и уби 58 лица. Тоа претставува воедно  и најсилната ерупција на вулкан во Јапонија во последните 100 години. Според експертите малку е веројатно дека ќе дојде до исфрлање на  лава. Сакураџима  исфрлил облаци пепел речиси 500 пати оваа година.

http://youtu.be/Q94cCMbXXWo

 

- Реклама -