Освен што ја грее храната без валкање на други садови и штеди време, постојат и други предности на микробрановата печка за кои можеби не сте знаеле.
Отстранување на гуми за џвакање. Најлесен начин е да го направите тоа во микробранова печка. Делот од облеката на кој е залепена гумата за џвакање треба да ја натопите со оцет и да ја ставите во микробранова. Мастиката по пет минути лесно ќе се одлепи од облеката.
Стерилизација на тегли и кујнски сунѓери. Во теглата ставете малку вода и грејте ја во печката околу две минути или додека водата не почне да врие. Истата постапка треба да ја направите и со сунѓерот, но тој мора да биде натопени во чиста вода и да се грее 2 минути.
Но, зарем навистина не можете да купите нов сунѓер?