Кога се работи за употребата и зависноста од дрога, Холивуд не секогаш ги доловува нештата какви што навистина се. Постојат огромен број наслови што еднострано и неосновано го глорифицираат или пак демонизираат уживањето во забранетите супстанции.
Сепак, има моменти кога режијата, сценариото и глумата се спојуваат во совршена перспектива кон и од светот на дрогата, а следното видео е супермикс од сцени од над 100-тина филмски остварувања, кои се ништо помалку од култни за филмските љубители.
Youtube корисникот Роберт Џонс ќе ве поведе на „лош трип“ низ 5-те фази на дрогата, а дел од насловите што ќе ги видите се: A Clockwork Orange, Scarface, Blow, Requiem For a Dream, Pulp Fiction, Half Baked, Trainspotting, The Basketball Diaries, American Pyscho, и нормално, Fear and Loathing in Las Vegas.