Екипа од научници од британскиот универзитет Ланкастер, предводени од македонката Анета Стефановска, создале уред кој може да прогнозира кога некој човек ќе умре.
Преку ласерско зрачење научниците ја анализираат состојбата на најмалите крвни садови – клетките во капиларите – и определуваат колку брзо старее организмот. Со помош на уникатниот апарат лекарите може да предвидат колку години живот му останува на еден пациент. Уредот покажува резултат од 0 до 100. Кога уредот покажува 0 тоа значи смрт, а кога оказателот покажува 100 тоа значи дека пациентот е здрав, соопшти Irish Mirror.
Магичниот уред личи на рачен часовник или нараквица. Научниците веруваат дека со негова помош во иднина ќе може да истражува склоноста на човекот кон онколошки болести и слабоумие.
За три години се очекува оваа опрема да влезе широко во медицината. Според македонката Анета Стефановска, која го предводи од тимот, информациите добиени од мерењата, можат да се собираат во база на податоци за попрецизно предвидување за тоа по колку години ќе умре пациентот.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk