Најбизарни повреди за време на секс

Повредите за време на сексот се разновидни: од модринки на колената до болки во грбот и мускулите.

Според резултатите на истражувањето што го спроведе една маркетиншка веб страна, дури 18 милиони Британци се повредиле водејќи љубов.

Два проценти од испитаниците признале дека за време на секс искршиле коска. 5% навеле дека денот по страсна ноќ не биле во состојба да одат на работа. Над половина од испитаниците доживеале грч или повреда на нерв. Дури 40 проценти рекле дека биле току внесени што повредите ги забалежале  наредниот ден.

Најголем број незгоди се случуваат на тросед, скали, во автомобил и под туш. Спалната соба е на 5 место.

Модринките и гребаниците се нормална појава при сексуалниот чин, но внимавајте да не ви се случи некоја од овие незгоди:

1. Пукање на капилари во око во текот на интензивен оргазам

2. Голтање на кондомот за време на орален секс

3. Фрактура на пенис (иако е ретка, но многу опасна)

4. Непознати предмети во вагината или ректумот (не претерувајте со големината на секс играчките)

По ова, бидете внимателни во сексот. Уживајте, но не претерувајте!

- Реклама -