Овој хотел не е само обична идеја, туку и мотивација чија порака гласи: Не фрлајте ги сите стари работи , бидејќи понекогаш од нив може да се добие нешто ново, убаво и уникатно.Во конкретниов случај се работи за тоа што еден стар Boeing 727 од 1965 година бил спасен од аеродромот во Сан Хозе, Костарика, и притоа претворен во луксузен хотел.
Во него има две луксузни соби со клима уред. Тие располагаат со голем кревет, тераса со поглед кон океанот и околните градини. Авионот бил купен од Џоан Јосарин за само 2 000 долари, а платил и 4 000 долари за неговото поместување, како и 24 000 долари за реновирање. Крајниот резултат сепак се исплател. Погледнете како изгледаат двете соби:
Погледнете како изгледал авионот пред трансформацијата