Еднаш месечно организирајте еден ден за расчистување и фрлање на непотребните работи од вашиот дом.
Стари весници и списанија
Решете се од нив, знаете дека само ви фаќаат залудно простор и прашина.
Облека
При чистењето на ормaрот држете се до правилото „две години“. Доколку некоја маица, сукња или пантолони, не сте ги носеле во последните две години, донирајте ги.
Книги
Сите на полиците имаме книги кои никогаш не сме ги прочитале и не ни планираме да го направиме тоа. Книгите кои само ви фаќаат прашина продадете ги или едноставно подарете ги на некој пријател.
Лекови и витамини
Проверете ги датумите на сите производи. Лековите на кои им е истечен рокот на траење отстранете ги од вашиот дом.