5 корисни функции на Android OS, кои можеби не ги знаете

Аndroid OS продолжува да биде најпопуларната мобилна платформа во светот, која според последните податоци на Google во моментов активација на уреди со неа достигнуваат до над 1,5 милијарди на ден.

Затоа компанијата продолжува да вложува многу напор за да го оптимизира интерфејсот и ја олесни работата на своите корисници. Последните верзии на Android OS се одликуваат со многу интересни функции и подобрувања што ја прават платформата уште поатрактивен избор за нас. Сепак таа има и сосема различни опции, кои не се толку популарни меѓу сопствениците на паметни телефони и таблети со Аndroid OS .

Некои од нив се скриени во самото мени на уредите, додека други бараат посебна комбинација на дејствија за да бидат активирани. Од Geek.com составија листа со пет најкорисни и интересни функции на Android OS, кои веројатно не сте забележале. Еве кои се тие:

Испраќање на датотеки со Wi-Fi Direct

Google заедно со платформата Android 4.0 OS ја претстави и функцијата Beam, која им овозможува на два уреди со NFC да испраќаат датотеки помеѓу себе. Нема сомневање дека ова е доста корисна опција, чии проблем е дека таа е базирана на Bluetooth и понекогаш трансферите можат да бидат многу бавни.

За среќа новите паметни телефони со Android OS поддржуваат технологија наречена Wi-Fi Direct, која се одликува со поголема брзина на работа. Единственото нешто што треба да направите е да инсталирате дополнителна апликација како SuperBeam и да изберете датотека што сакате да ја испратите, така трансферот ќе биде побрз и ќе достигне до 30Мbps.

Продолжување на времето за заклучување на почетниот екран

Со оглед на безбедноста секогаш е подобро да заклучите екранот на вашиот паметен телефон било тоа да е со лозинка (PIN код) или друга комбинација на симболи и движења. Сепак постојаното воведување на овој код може да биде многу досадно, што ги тера потрошувачите да користат максимално кратки комбинации од букви и бројки.

Платформата овозможува сами да го дефинирате времето за кое екранот на телефонот ќе ви се заклучува, а името на функцијата која го озоможува тоа е со Security, Automatically Lock или Lock Screen After кај различни модели на пазарот. Така можете дури и неколку минути подоцна автоматски да го вклучите вашиот уред и тоа без да губите непотребно време.

Активирајте PC Keyboard

Новата Jelly Bean Keyboard апликација веќе е достапна за преземање од Google Play. Таа обезбедува доста интересна алтернатива на потрошувачите. Најинтересна карактеристика е специјалниот PC режим, кој обезбедува многу удобен распоред и копчиња на екранот. Неа можат да ја користат и сопствениците на таблети или паметни телефони со поголеми дисплеи.

За да ја активирате, отворете го табот со поставувања на Google Keyboard и изберете го мениот Advanced и Advanced Settings. Потоа треба да се логирате во Custom Layouts и да го изберете јазикот кој сакате да го користите, за потоа од паѓачкото мени да притиснете PC. Кога ќе се вратите во главното мени отидете во Input Languages, за да го активирате режимот PC Keyboard.

Креирајте резервна копија на информациите во апликациите

Во моментов, за да го направите тоа потребно да користите Android Debug Bridge откако го поврзете вашиот паметен телефон или таблет со персонален компјутер. Воведувањето на “adb backup” ќе го активира системот за креирање на резервна копија, но оттука натаму треба да користите специјални команди за да се финализира процесот. Интересно е дека во Google Play има многу интересни апликации како Helium кои овозможуваат лесно да ги синхронизирате податоците, па дури и да ги чувате во облачна услуга.

Кодирајте си го уредот

Aко сакате навистина да бидете сигурно дека вашите лични податоци нема да бидат открадени, треба задолжително да го криптирате вашиот паметен телефон или таблет. За таа цел некои модели го себе го кријат менито Security, но обично тие ја имаат опцијата Encrypt Phone. Откако го внесете вашиот PIN код можете да стартувате процесот, кој најверојатно ќе ви одземе меѓу 1-2 часа, а вашиот уред мора да е поврзан со полначот во целиот тој период.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -