„The Wolverine“ од утре во кино Милениум, во петок бесплатен влез за сите

Од утре (25.07) премиерно на програмата на кино Милениум, ќе се прикажува светскиот мега хит „The Wolverine“ (Вулверин) во 3Д, во режија на James Mangold, со Hugh Jackman, Famke Janssen, Will Yun Lee во главните улоги. Филмот ќе се прикажува во 20 и 22.30 часот.

[youtube]http://youtu.be/WEbzZP-_Ssc[/youtube]

Повикан во современа Јапонија од стар познаник, Вулверин влегува во конфликт што ќе го натера да се соочи со сопствените демони.

Покрај Вулверин, премиерно ќе започне да се прикажува и шпанскиот „Пеколна Трка“(Combustion). Приказна за експлозивен љубовен триаголник кој е инволвиран во нелегално тркање со коли, валкани секс игри и грабежи.

Combustion(Foto)

Во петок пак, по повод одбележувањето на годишнината – 50 години од скопскиот земјотрес, вклучувајки се во кампањата „Скопје се сеќава“, кино Милениум ќе понуди бесплатен 24-часовен филмски маратон.

Еве го репертоарот за петок

11:00 – Универзитет на Чудовишта 3Д (Monsters University 3D)
13:00 – Пеколна Трка (Combustion)
15:00 – Човекот од Челик (Man of Steel)
17:30 – Oсамениот Ренџер (The Lone Ranger)
20:00 – Вулверин 3Д (The Wolverine 3D)
22:30 – Светска Војна З 3Д (World War Z 3D)
00:30 – БИТКА ЗА ПАЦИФИКОТ (PACIFIC RIM)
02:30 – Земја: нов почеток (After Earth)
04:30 – ХИЧКОК (Hitchcock)
06:30 – Крудс (Croods)
08:30 – Епски (Epic)

 

- Реклама -