Секој ден доцниш на работа? Еве го решението

Не го игнорирај алармот и не барај уште 5 минути. Стани веднаш и тргни во акција. Одбери што ќе облечеш пред спиење и едноставно не ја менувај одлуката наутро.

Стануваш сѐ порано и порано, а никако да стигнеш на време на работа? Ако си една од оние кои доцнат без оглед на тоа колку рано се будат, прочитај ги овие совети.

1. Не се врти од другата страна кога ќе заѕвони алармот

tumblr_lyjyxxZVOj1r0k7t4o1_500

Уште 5 минути лесно се претвораат во 10 и пред воопшто да успееш повторно да потонеш во сон, веќе дебело доцниш. Не го игнорирај алармот и не барај уште 5 минути. Стани веднаш и тргни во акција.

2. Не заобиколувај

Кога ќе станеш од кревет, заборави на бавното шетање по сите соби и жалење зошто мораш да одиш на работа. Помири се со фактот дека мораш и почни да правиш корисни работи.

3. Исчисти вечерта пред да си легнеш

Неуредната кујна и расфрланите работи по собата само дополнително ќе ти го отежнат спремањето појадок, а секогаш можеш да одвоиш 10 минути пред спиење и да организираш сѐ како што треба.

j

4. Што ќе облечеш?

Вечната борба со орманот е причина поради која многу жени доцнат на работа, а работата е едноставна: одбери што ќе облечеш пред спиење и едноставно не ја менувај таа одлука следното утро.

5. Веднаш облечи ја гардеробата за на работа

Наместо по будење да се облечеш во алиштата за по дома, скрати го времето на преоблекување и веднаш облечи ја комбинацијата за тој работен ден.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

6. Кафе за носење

Кафето можеш да го пиеш и по пат, а наместо да го „сркаш“ 20 минути дома, префрли го во термос и излези порано.

7. Спреми ја чантата

Ако ја менуваш чантата секој ден тогаш од вечерта префрли ги најважните работи. Клучевите од канцеларија, паричникот, роковникот, полначот…

- Реклама -