Легендарниот Чак Норис кој можел да брои до бесконечно и назад, два пати, го продава својот дом во Далас.
Цената на неговата куќа е 1.2 милиони долари. Таа е сместена на прекрасен ранч од 700м2. Куќата е изградена во 1975 година и повеќе пати е реновирана и проширена. Има четири големи спални соби, 9 купатила, една голема соба за гледање ТВ, куќна теретана и голем двор со базен.