Машката Г точка: Патот до најсилен оргазам

Дали сте знаеле дека и мажите имаат Г точка? И повеќе од тоа. Произведувачите на играчки за возрасни изработиле дури и посебен вибратор наменет за стимулирање на машката Г точка. И како да ја пронајдете?

Каде е машката Г точка?

Ако не сте знаеле, машката Г точка е простатата. Тоа е жлезда која се наоѓа отприлика на пет до седум сантиметри од анусот, на предната страна на аналниот канал и непосредно под меурот. Иако нејзина основна задача е производство на семенска течност и лачење на истата во уретрата, простатата не придонесува само за репродукција на мажите туку може да ги доведе до најсилен оргазам.

Масажа и допирање на простатата може да ги доведе некои мажи до најсилен оргазам кој некогаш го доживеале, а експертите велат дека тоа добро влијае на здравјето на простатата.

Како до оргазам од соништата?

Простатата може да се стимулира на два начини: со лесна масажа на перинеумот (ткивото помеѓу пенисот и анусот) или низ анусот. За партнерот да ви дозволи стимулирање на простатата на тој начин, мора најпрво да се погрижите двајцата да бидете доволно опуштени и да сакате нови авантури. Без големо ниво на доверба и позитивен однос, до игри од овој тип не може да дојде.

- Реклама -