Пилешко Cordon Bleu

Името звучи како да станува збор за специјалитет од некој фенси скап ресторан. Но, пилешкото Cordon Bleu е едноставно и може да си го направите дома. Ве интересира како?

Состојки: 4 парчиња пилешко филе, 3 лажици вегета, 200мл вода, лебни трошки, 2 лажици стопен путер, лук по желба, 1/2 лажица оригано, 100г шунка, 2 лажици мелен црвен пипер, 2 лажици рендан пармезан, кашкавал или сирење

Подготовка: Истолчете го месото на тенки парчиња. Одозгора зачинете го со вегета.

Течна смеса: Во сад ставете ја водата, 2 лажици вегета, путерот, лукот и ориганото. Загрејте додека водата не почне да врие и гответе неколку минути.

Смеса за поховање: Измешајте ги лебните трошки, црвениот мелен пипер и пармезанот.

На секое парче месо ставете парче шунка, преку него сирење или кашкавал, свиткајте и зацврстете со чепкалки. Подготвеното месо извалкајте го во течната смеса, па во смесата за поховање. Похованите шницли наредете ги во тепсија, одозгора налејте ги со остатокот од течната смеса и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути.

s7

Добар апетит!

- Реклама -