Истражување на научниците од Велика Британија и САД дојдe до многу чудни податоци.
Имено, колку е повисок коефициентот на интелигенција на еден човек, тој конзумира толку повеќе алкохол, соопшти рускиот сајт Корреспондент.net.
Научниците го извршиле експериментот, со помош на волонтери кои биле поделени на пет групи според коефициентот на интелигенција. Тие биле анкетирани за количеството на алкохол кое го пијат, како и колку често се случува тоа. Во групата на лица со висок коефициент на интелигенција многу луѓе биле склони кон алкохолизам.
Ако индикаторите на интелектот биле средни, склоноста кон алкохолните пијалоци не била толку јасна, а ако пие бремена жена, коефициентот на интелигенција на нејзиното дете е намален за неколку поени.
Специјалистите, сепaк, не утврдиле кои се причините за врската помеѓу развојот на алкохолизам и нивото на интелектот.
Научници од универзитетот „Дјук” од своја страна утврдиле дека ако човек го избира алкохолот како средство за борба со стресот, веројатноста да стане алкохоличар е голема.