Зошто алкохолот ги прави луѓето поубави?

пивоСекој изгледа подобро по една-две испиени кригли. Оваа појава е позната веќе долго време, но сега, најпосле ја знаеме причината. Алкохолот ја затапува способноста за препознавање асиметрични лица.

Секој изгледа подобро по една-две испиени кригли. Оваа појава е позната веќе долго време, но сега, најпосле ја знаеме причината. Алкохолот ја затапува способноста за препознавање асиметрични лица.

пивоОва откритие било направено во студија извршена со помош на пијани и трезни студенти во Англија. „Како што докажале неколку студии во минатото, ние отсекогаш сме преферирале симетрични лица“ изјавил Луис Халси од универзитетот Роехемптон во Лондон.

За да откријат дали алкохолот пречи на способноста за разликување лица каде што левата и десната половина се нееднакви, тој и неговите колеги дизајнирале експеримент со фотографии кои биле модифицирани за лицата да бидат целосно симетрични и незабележливо асиметрични. „Една ноќ, ние излеговме во неколку барови со лаптоп и побаравме помош од студентите“ рекол Халси.

Дел од тестот бил и краток алко-тест за да се потврди конзумпцијата на алкохол. Студентите потоа биле поделени на пијани и трезни по што ги оценувале сликите. Дваесет фотографии со по две лица, едно симетрично другото асиметрично, а потоа уште 20 фотографии со по едно лице им биле прикажани, една по една, на 64 студенти. Од учесниците било побарано да кажат кој од паровите бил најпривлечен. Исто така биле прашани кое од дваесетте единечни лица било симетрично.

Трезните студенти повеќе ги бирале симетричните лица отколку пијаните студенти. Трезните студенти исто така полесно утврдувале кое лице било симетрично. Податоците исто така наведуваат кон заклучок дека машките студенти ја задржуваат способноста за откривање на симетрија кога се пијани подобро од женските студенти, што било изненадување за научниците. Разликата најверојатно се должи на тенденцијата кај мажите да бидат визуелно ориентирани и постимулирани од она што го гледаат.

„Мажите зјапаат повеќе од жените“ додал Халси. [Mystery of Beer Goggles Solved]

- Реклама -