Се испостави дека облеката што ја носите е далеку поважна одошто се мислеше порано. Но, не видот на облеката, туку бојата. Научниците потврдија дека мажите што носат црвено повеќе ги привлекуваат жените.
Се испостави дека облеката што ја носите е далеку поважна одошто се мислеше порано. Но, не видот на облеката, туку бојата. Научниците потврдија дека мажите што носат црвено повеќе ги привлекуваат жените.
Психолозите од универзитетот Рочестер спровеле студија во која побарале од жените да ги рангираат мажите кои им биле прикажани, според степенот на привлечноста и желбата што ја имаат да излезат со нив, да ги бакнат и да стапат во сексуални односи.
Подоцна, дигитално ги промениле боите на облеката што ја носеле мажите на фотографиите и извршиле уште едно рангирање. По споредбата на резултаите, се испоставило дека мажите облечени во црвено постојано биле рангирани повисоко.
„Тие што носеа црвено беа перцепирани како помоќни, попривлечни и попосакувани“ вели професорот Ендрју Елиот.
Ваквата состојба е ограничена само на статусот и романсите. Универзитетскиот тим заклучил дека бојата на облеката воопшто не влијае на тоа дали некого го перцепираат како подопадлив, подобар или подруштвен.
Оваа состојба не е подложна на културни влијанија. Студентките од САД, Германија, Англија и Кина, подеднакво биле „маѓепсани“ од мажите што носеле црвено или биле во опркужување со црвена боја.
Професорот Елиот заклучил дека жените ги гледаат мажите во црвено како луѓе со повисок статус, поспособни да заработат пари и со поголема веројатност да се искачат повисоко на социјалните скалила. Токму тоа доведува до зголемената привлечност. Реакциите се предизвикани на биолошко ниво, зашто боите влијаат врз човекот исто како и врз животните. [Scientists: Women are attracted to men in red]