Варењето на храната влијае на должината на животот

Секој човек има уникатен состав на бактерии во стомакот, и нивниот состав и активности влијаат на квалитетот на варењето на храната.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Сент Луис, покажало дека секој од нас има уникатен состав на бактерии во стомакот. Тоа укажува дека нивната анализа мора да биде детална, поради тоа што тие го условуваат целокупното здравје на телото.

Бактериите кои помагаат во варењето на храната, всушност, го чуваат нашето здравје, со тоа што ги уништуваат сите опасни и штетни организми, и учествуваат во разградувањето на храната и производството на витамини кои се важни за здравјето.

Кога веќе се толку важни, деталната анализа и тестирање на нивната присутост е од витално значење. Од истражувањето се заклучило дека тие го одредуваат ризикот за болести и телесната тежина.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Исто така се истакнува дека повеќето микроорганизми во телото, се споделуваат или наследуваат со најтесното семејство уште од најраната возраст.

Сепак се напоменува дека ова е само почеток на една нова перцепција на работите, и дека има уште многу што да се истражува на оваа тема.

- Реклама -