Воајер се криел во септичка јама!

Американецот Кенет Енлов (52) од Тулса завршил позади решетки, откако полицијата го уапсила поради тоа што ги ѕиркал жените од септичка јама.

Најпрво биле повикани пожарникари да го извлечат од јамата, а потоа и да го “измијат” од изметот, со коj бил целосно покриен од глава до пети. Откако го средиле пожарникарите, полицијата го привела. Сето ова е случувало во аква-парк за деца.

Кенет бил пријавен од извесна мајка која и помагала на својата седумгодишна ќерка да изврши нужда. Таа веднаш ја повикала полицијата, откако приметила дека некој ја гледа одоздола.

Кенет се правдал дека не е злосторник, туку жртва. Наводно неговата девојка го удрила со метална прачка по главата и го фрлила во јамата. Дошол при свест кога пристигнала полицијата. Докторите веднаш го прегледале и докажале дека нема никакви повреди на главата.
[youtube]http://youtu.be/eqdYFzEJ3zU[/youtube]

- Реклама -