Секое интервју за работа може да се смести во еден од петте видови, во зависност од човекот кој ве интервјуира. А кога го познавате непријателот, тогаш битките се многу полесни.
Секое интервју за работа може да се смести во еден од петте видови, во зависност од човекот кој ве интервјуира. А кога го познавате непријателот, тогаш битките се многу полесни.
1. Најдобар пријател
Доколку оној што ве интервјуира се однесува како да сте најдобри пријатели кои се знаат цел живот, тоа е знак да му пристапите на процесот опуштено. Сепак, не се опуштајте премногу, зашто на крајот на краиштата, тој што е спроти вас веќе има работа!
2. Испитувач
Ако се најдете спроти некој што ви поставува прашања без да земе здив и на моменти се почувствувате како во секој момент да ќе ви впери ламба во лицето, не грижете се. Овие луѓе не ги сакаат несуштествените разговори, па затоа одговорете ги прашањата и не се чувствувајте лошо доколку не добиете реакција. Исто така, не се поставувајте дефанзивно доколку сите обиди за неврзан муабет ви пропаднат. Едноставно некои луѓе се фокусирани само на работата.
3. Непристоен
Постои шанса да се најдете лице в лице со некој што ќе започне да ви раскажува приказни за кои мислите дека се премногу интимни, ќе кажува непристојни или расистички шеги итн. Во овој случај, не се препуштајте на моментот. Бидете си тоа што сте. Имајте на ум дека постои шанса тој тоа да го прави намерно, за да ве тестира.
4. Искрен
Овој тип на човек што врши интервјуа за работа е потполна спротивност на најдобриот пријател. Тој нема да ви зборува со пријатен тон, нема да ви се смешка и ќе биде сосема искрен, без да се грижи за вашите чувства. Не дозволувајте искреноста да ви ја наруши самодовербата или концентрацијата.
5. Робот
Изразот на лицето на некои луѓе никогаш не се менува. Ако налетате на таков човек, попусто ќе се обидувате да допрете до него. Тој ќе си остане истиот робот без ираз на лицето, а единствено што можете да направите со обидите е да се изнервирате. Одговорете ги сите прашања и заминете си.