Минатата недела на „Reddit“ се појави фотографија која прикажува низ какво понижување морало да помине едно момче, за да ја спаси својата врска.
Фотографијата е снимена во еден шопинг центар во Мериленд, а на неа може да се забележи момче кое понизно носи натпис на кој пишува дека ја изневерувал неговата „прекрасна, совршена, неверојатна“ девојка со која бил во врска три години, и како му е ова казна.
Но, нејзината освета не застанува тука. Тој морал да собере 500 потписи од странци кои се сложуваат за таа да му прости.
Не е познато како се завршило, но корисничката на „Reddit“ која ја објавила фотографијата, додала дека подоцна на момчето му пришла црна симпатична девојка која го советувала да не поминува низ вакво понижување.