Агим Ибраими од натпревар во натпревар се повеќе ги подобрува своите игри и ги освојува срцата на македонските љубители на фудбалот. Но Агим не е само одличен на теренот, туку и надвор од него.
Во последните неколку месеци, тој имаше изјави кои не само што ги обединува играчите во репрезентацијата туку и навивачите на трибините. Анализирајќи ги сите негови изјави поврзани за националниот тим, многу лесно може да се заклучи дека Ибраими е најпрво голем човек, зрел за животниот и спортскиот предизвик.
Последната вест од Агим Ибраими, која ја размрда македонската фудбалска публика, е фотографијата која се појави деновиве на социјалните мрежи. На неа позираат Ибраими со наводно српски навивач, и јасно може да се забележат рачните симболи на “три прста за српството” и “Обединета Македонија”. Покрај тоа што овие симболи се во духот на минативе три децении исполнети со страдања, војни и човечки несреќи, сепак фотографијата постигнува една саркастична, ни и симпатична димензија на денешната реалност.
Се на се, Ибраими со сите негови постапки на теренот и надвор од него, полека и сигурно го чекори патот на неговиот албански претходник кој играше за Македонија, големиот Артим Аце Шаќири. Искрено се надевам и посакувам Ибраими да се избори за надимакот “Аце” со некој нов луциден гол, како што Шаќири го направи тоа против Англија и го испрати Дејвид Симан во пензија.
[youtube]http://youtu.be/XYN0fBYR0Qw[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/j-dAagTxLRk[/youtube]