Дишете длабоко… Или ќе добиете инекција

Ова може да изгледа како нешто од научно-фантастичен филм, но всушност истражувачите дизајнираа микрочестици на кислород кои можат да бидат инектирани директно во крвотокот и да го оксигенизираат телото, дури и ако дишењето е целосно спречено.

breathing1

Ова е едно од најголемите медицински постигнувања во последните години, а има потенцијал да спасува милиони човечки животи на годишно ниво.
Изумот, развиен од тим од Бостонската детска болница, ќе им овозможи на медицинските тимови да ги одржат пациентите живи за дополнителни 15 до 30 минути, дури и при потполно откажување на респираторниот систем. Тоа ќе им даде доволно време на докторите да делуваат, без притоа да ризикуваат срцев удар или трајни мозочни оштетувања кај пациентот.

oxygen-foam

Инекцијата е веќе успешно тестирана на животни со критични белодробни оштетувања. По инектирањето, кислородот во крвта на пациентите бил вратен до речиси нормални граници, давајќи им скапоцени дополнителни минути живот.

Инектибилниот кислород доаѓа во форма на течен раствор, во чиј состав има неколку вида масни и микрочестици на кислород. Ваквиот раствор може лесно да се пренесува и употребува од болничари, ургентни тимови и медицински персонал за интензивна нега. Една ваква инекција содржи 3 до 4 пати повеќе кислород од црвените крвни клетки.

Можеме ли да очекуваме прекрасна иднина за човештвото? Судејќи по ова откритие, ќе ја достигнеме многу порано отколку што предвидуваме.

 

- Реклама -