Веќе дознавме како треба да се однесуваме на интервју за работа. Дознавме и како да се одговорат прашањата кои се клучни при селекцијата на работници. Сега е време да дознаеме кои прашања не смеат да се постават на интервју за работа, доколку сакате истото да биде успешно.
Веќе дознавме како треба да се однесуваме на интервју за работа. Дознавме и како да се одговорат прашањата кои се клучни при селекцијата на работници. Сега е време да дознаеме кои прашања не смеат да се постават на интервју за работа, доколку сакате истото да биде успешно.
1. Со што се занимава вашата компанија?
Ова е прашање што се поставувало од апликантите во 1950, па и во 1980, но никако не смее да се постави денес кога користиме интернет за да провериме колкава е температурата надвор, само затоа што нè мрзи да излеземе низ вратата и да се увериме! Пред да појдете на интервју, консултирајте се со Google. Тој сигурно знае.
2. Дали ќе го проверувате претходното работно искуство?
Наједноставно кажано, ова прашање е поставено на прниципот – кој си ја има мувата на капата. Кога некој ќе чуе вакво прашање, веднаш започнува да се прашува што точно криете.
3. Кога ќе можам да добијам покачување на платата?
Работодавачите се плашат од преплаќање на работниците исто колку што се плашат да не ги платат премалку. Ако им дадат премногу пари ќе станат мрзливи, ако им дадат премалку, тогаш ќе бидат немотивирани и постојано ќе бараат друга работа, т.е. нема да се лојални. Според тоа, ако знаете дека сте добри во она што го работите, не се грижете за парите, компанијата ќе направи сè што може да ве задржи – вклучително и покачување на платата.
4. Дали има некои други слободни работни места?
Ако не ви се допаѓа работното место, т.е. ако мислите дека е под вашите способности, подобро е да кажете искрено, отколку да се обидувате со „трик-прашања“ да најдете работа по која не сте тргнале. Оние што спроведуваат интервјуа се искусни и ќе ве пробијат во истиот миг.
5. Колку бргу можам да се префрлам на друга позиција?
Повторно, ако не ви се допаѓа работата, почекајте некоја следна шанса. Работодавачите обично нема да ви дозволат внатрешно префрлање пред да измине една година. А, во моментот кога ќе го поставите ова прашање вие им кажувате дека барате само отскочна штица за наоѓање друга работа и голема е веројатноста дека нема да ја добиете ни таа работа за која сте аплицирале.
6. Може ли да ми кажете за автобусите кои поминуваат овде?
Повторно – интернет! Работодавачот нема врска со вашите транспортни проблеми.
7. Има ли паузи за пушење?
Ако аплицирате за работа во малопродажба или пак во call центар, ова прашање би имало логика. Но, во секој друг случај шшшш! Некои компании забранија пушење на нивниот имот во целост (вклучително и пред влезната врата), а некои воведоа и политика да не вработуваат пушачи. Не му давајте на работодавачот причина да не ве најми.
8. Правите ли тестови за дрога?
Ако имате некои философски забелешки за компаниите кои спроведуваат тестирања за дрога, тогаш почекајте да ве најмат, да побараат да направите тест, па дури тогаш изнесете ги забелешките. Во спротивно, звучите исто како во случајот со второто прашање.