5 нешта кои мислите дека ќе ве направат среќни, но нема! (1. дел)

Среќа? На топ листата на нешта кои мнозинството од популацијата ги смета како доволни за достигнување на идеалот за среќа, на првите 5 места стојат: славата, парите, убавината, генијалноста и моќта. Но сепак, овие нешта не се доволни за да ве направат среќни. Еве зошто.


На топ листата на нешта кои мнозинството од популацијата ги смета како доволни за достигнување на идеалот за среќа, на првите 5 места стојат: славата, парите, убавината, генијалноста и моќта. Но сепак, овие нешта не се доволни за да ве направат среќни. Еве зошто:

Хана Монтана5. Слава

Ако отидете во некоја добро опремена продавница за играчки, каде било на планетава, ќе забележите оти најпродаваните играчки за девојчиња одамна веќе не се куклите со ликот на Пепелашка, Снежана, па дури ниту безличната Барби. Сега сите девојчиња си играат со куклата од Хана Монтана, која се продава со сет за шминкање и камера. Нормално, откако на возраста до десетина години ќе си изнаиграат со идеалот за слава поради слава, во подоцниот пубертет веќе ги вклучуваат веб-камерите, се сликаат (или снимаат) разголено, ги објавуваат материјалите на MySpace, Hi5, Facebook итн. и влегуваат во натпревар кој ќе собере повеќе пријатели. Во времето кога интернетот стана неприкосновен владетел на нашите животи, се покажа дека и луѓе кои не сториле (и реално немаат потенцијал да сторат) ама баш ништо (види: Парис Хилтон) можат да бидат славни. Безбројни примери можете да пронајдете листајќи случајно одбрани видеа на YouTube.

Каде е проблемот?
Експертите велат дека зад гладот за слава на секое дете се крие запоставување во домот. Се работи за дете чие родители или најчесто биле отсутни или пак емоционално дистанцирани. Најголемиот дел од ловците на слава живееле или со самохран родител или во дисфункционално семејство. Во денешно време, само половина од сите деца на планетава живеат со вистинските двајца родители.

Човек кој е прегладнет за внимание што не го добил, го наоѓа совршениот механизам за одмазда кон светот. Децата се генетски програмирани да ги сакаат родителите и тоа го прават, но кога родителот не ја возвраќа љубовта (или во најмала рака не ја покажува), детето бара компензација за таа љубов на друго место. Па така, штом некој ќе стане славен, добива љубов од милиони обожаватели. Проблемот е во тоа што тој нив воопшто не ги познава. Тие се статистика, безлични статисти кои чекаат со часови на дожд и студ за шансата неколку секунди да фрлат поглед врз нивниот идол. Тој ќе ги ѕирне на поминување, на патот до или од лимузината и ќе ја изгази љубовта, исто како што тоа нему му го сториле родителите.

Но, се чини оти оваа замена за љубовта не е адекватна. Студиите покажале оти славните луѓе имаат четири пати повисока склоност кон самоубиство отколку анонимците.

Но, станува и полошо!
Ако заклучивте дека покрај фактот што сте имале добри родители, славата сепак изгледа добро, тогаш би требало да знаете оти приказната не завршува тука. Имено, не постои поголем извор на стрес, отколку ситуација во која исполнувањето на вашите цели и идеали е врзано со одобрувањето од милиони непознати луѓе, кои ве гледаат како идол, во крајно нереалистично светло, во свет креиран од публицисти, многу шминка, специјални ефекти и слики во списанија дотерани со магијата на фотошоп.

Во една таква ситуација (како и во секој лош период) нормално е да побарате утеха кај пријателите. Но тука настанува друг проблем. Вашите пријатели сега се заменети со некои други луѓе (иако често се работи и за истите индивидуи) кои се пијавици, бескрупулозни личности и најчесто глупаци чија единствена цел е дел од славата, дури и ако тоа значи дека подоцна ќе ве предадат без да размислат 2 пати.

Речиси секој човек некогаш во животот  експериментирал со некоја психотропна супстанца. Но, дали некогаш сте запалиле џоинт на забава и сте стравувале дека некој до вашите пријатели скришно ќе ве слика, ќе ја продаде фотографијата на некој таблоид и со тоа ќе ви ја уништи кариерата? Станете славни и потоа обидете се.

Златно Порше4. Богатсво

Да не се лажеме. Сите стануваме од кревет секое утро зашто тоа нè носи чекор поблиску до посакуваната иднина со финансиска сигурност. Доколку некој од нас добие пари на лотарија, следниот ден ќе се појави на работа со крзнена бунда и доволно злато на себе за да направи „раперите“ да изгледаат како социјални случаи. (Иако овој заклучок можеби е малку хиперболизиран, стои заклучокот оти сите сакаат пари, т.е. безгрижноста која тие ја носат со себе.)

Каде е проблемот? Финансиската сигурност не носи среќа. Според истражувањата, жителите на Нигерија се најсреќните луѓе на планетава. Американците, чија земја е една од најбогатите нации (постојано во топ 10 најбогати земји уште од осамостојувањето до денес) се наоѓаат на 16 место на таа листа. Просечната годишна плата во Нигерија е мизерни 300 долари. А во најбогатите 10 земји во светот, годишно се препишуваат повеќе рецепти за антидепресанти отколку што има жители во Кина. А кога сме веќе кај Кина, редно е да се спомне дека тој е најдобриот пример за обратнопропорционалноста на односот пари-среќа. Од моментот кога се случи експлозијата во кинеската економија и се случи рапиден раст на платите, нивото на среќа и задоволство кај Кинезите е страшно опаднато.

Првата причина за ваквата поврзаност е во вашиот мозок. Мозокот го регулира чувството на среќа на тој начин што откако ќе достигнете некоја голема цел во животот го намалува, за со тоа да ве мотивира да бркате некоја нова цел наместо постојано да се излежувате покрај базенот до крајот на животот. Втората причина е што ние, како општествени суштества постојано се споредуваме со нашите соседи. Па така, откако ќе почнете да живеете во соседство со луѓе кои се побогати од вас, нештата ќе се променат. Додека вие ќе се жалите за оданочувањето со кое државата ќе ви изеде добар дел од добивката, вашиот сосед со една зделка ќе направи милион евра и ќе ви се изнасмее в лице. Но тоа е фер, со оглед на тоа што вие веќе му се смеете на Нигериецот кој заработил само 300 долари за цела една година.

Кога веќе ги споменавме соседите, редно е да се каже некој збор и за зависта. Колку и да имате пари, ќе сакате уште. Не, не поради алчност (тоа е сосема друга приказна), туку затоа што некој секогаш ќе има повеќе од вас, а со самото тоа ќе има поубави нешта во својот дом. Вие ќе посакате исти такви, во прво време, но тогаш ќе се сетите дека постојат и поубави нешта, по што ќе сакате да купите предмети кои, како што беше напишано во еден напис за психологијата на богатите „ќе им покажат среден прст на вашите соседи и пријатели и ќе им покажат дека сте подобар човек од нив“.

Но, станува и полошо! Се сеќавате на оние пријатели од хипотетичкото сценарио во кое станавте славни, луѓето кои се исти како и порано, но само физички? Во овој случај е полошо. Не само што постоечките пријатели ќе станат пијавици, туку ќе изникнат и едно чудо нови: братучеди за кои никогаш немате ни чуено, соученици од основно што не сте ги виделе повеќе од 20 години, жени / мажи кои доколку не постоело богатството не би ве погледнале 2 пати… И сите тие ќе се врткаат околу вас, ќе ви делат комплименти и сосема случајно во некој разговор ќе спомнат дека банката ќе ја активира хипотеката за кредитот кој го зеле, доколку „некој не помогне“.

Одеднаш, сите врски од секој тип стануваат сомнителни. Дали луѓето се крај вас зашто им значите или пак само сакаат дел од колачот? Дали ќе ве продадат без двоумење само за да дојдат до вашите пари? Кога Вилијам Пост добил 16 милиони долари на лотарија, пред да банкротира, некој најмил платен убиец за да го ликвидира и да му ги земе парите. Тој некој бил неговиот роден брат.

Пред и потоа3. Убавина

Доколку сте физички привлечни секогаш имате предност. Привлечните луѓе имаат подобри оценки на училиште, подобри работни места, заработуваат повеќе и наоѓаат поуспешни партнери отколку просечните или грдите. Непознатите луѓе почесто се одлучуваат да им помогнат во неволја. И најпосле, имаат и многу пошироки социјални кругови.

Каде е проблемот? Имајте на ум дека зборуваме за среќа, а не за успех. Привлечните луѓе ги имаат истите проблеми со самодовербата како и оние кои не се привлечни. А, убавината, како и парите, е релативна. Ако знаете дека сте позгодни од пријателите, тогаш ќе започнете да се споредувате со луѓето од медиумите, истите оние што имаат цели тимови што работат на нивното фотошоп-дотерување.

Станувањето привлечен со работа (или некоја форма на магично стапче) со себе го носи и приспособувањето кон новите услови на игра. Доколку утре се разбудите во кожата на Анџелина Џоли, веднаш (како и во претходните случаи) ќе забележите промена во односот на сите кон вас. Но, ако сте родени како Анџелина Џоли, тогаш ќе немате начин и тој свет ќе го прифатите како нормален. Отприлика тоа е исто како што некој просчен човек не може ни да почне да си замислува како е да се живее со некој физички деформитет (по дефиниција, луѓето никогаш не се задоволни со тоа што го имаат).

Но, станува и полошо! Сте забележале како во друштво, кога убавата и згодна девојка ќе каже виц кој е апсолутно несмешен, сите мажи сепак се смеат? Или кога најзгодниот тип во канцеларијата ќе направи грешка а шефицата наоѓа начин да го рационализира тоа?

Привлечните луѓе се навикнати на неискреност од оние околу нив. По некое време дознаваат дека сите комплименти кои ги добиваат не се ништо повеќе од шум. Подоцна, почнуваат да ги отфрлаат и искрените комплименти кои се однесуваат на нивата работа, смислата за хумор, креативност итн., зашто не можат да ги распознаат во однос на празните зборови кои со години ги слушаат.

- Реклама -